Италијанка се натпреваруваше во ритмичка гимнастика со звуците на „Зајди зајди“

Италијанската натпреварувачка во ритмичка гимнастика, Александра Агургукелезе, освои бронзен медал на Светското првенство кое се одржува во Бугарија.

Сепак тоа што наиде на многу позитивни коментари и во македонската јавност е песната со чии звуци стигна до големиот резултат.

Италијанката со потекло од Романија имаше изведба инспирирана од македонскиот евергрин „Зајди Зајди“, а со одличниот перформанс направи голем пресврт и од осмото место стигна до бронзениот медал.

Leave a comment

error: Content is protected !!