Ирачки херој: Спречил стотици убиства и неколку пати ја измемил Исламската држава

Телото на капетанот Харит ал Судани никогаш не е пронајдено.

На денот кога четири експлозии го потресле Багдад, автомобил паркиран на улица, натоварен со експлозив бил подготвен да нанесе поголема штета и уште жртви. Кратко потоа, густ црн чад се кревал кон небото, а жртвите лежеле на земја. Некои биле мртви, други биле повредени, повикувале помош, очајнички се обидувале да останат живи.

За секој локален жител што ја видел таа сцена, истата претставувала чист хорор. Но, не било се како што изгледа, бидејќи кога автомобилот експлодирал, улицата била пуста. Кога направата експлодирала, ранетите влетале на сцената, ги заземале своите места, како добро истренирани актери. Полнењето на оригиналните бомби било заменето со многу помала направа, дизајнирана да залаже, а не да уништува.

Таа добро осмислена сцена била дело на капетанот Харит ал Судани, “крт” од малку познатата Фалкон разузнавачка група, кој успеал да се инфилтрира во највисоките редови на ИСИС.

Кога фотографијата била направена во 2016. година, тој веќе 14 месеци живеел една од најопасните операции на светот. Додека глумел џихадист, работата му била да транспортира бомби на одредени места пред да ги активира. Но, во реалност, овој татко на три деца ги давал експлозивните направи на својот тим да ги деактивира, а тој сценирал експлозии и жртви, за лидерите на ИСИС да веруваат дека го направил тоа што се бара од него.

Кога бомбата експлодирала на северозападот на Багдад, ирачката полиција издала соопштение во кое се наведува дека најмалку 10 луѓе загинале, а 34 биле повредени. Полицијата навела дека мета бил зелениот пазар во раздвижена улица. Агенција поврзана со ИСИС објавила дека токму тие ја преземале одговорноста.

Но, нападот – вклучувајќи тука и доаѓање на лажните жртви, го забележале камерите од зградата во близина, па снимката на крајот протекла. Државните службеници се обиделе да го спречат ширењето на гласините, па рашириле нови – дека станува збор за снимање на филм.

И дури сега, кога херојот, двојниот агент е одамна мртов, а ИСИС е речиси поразена, вистината може да биде откриена. Капетан Ал Судани, кој се смета за еден од најдобрите шпиони во Ирак, саботирал 30 експлозии на автомобили-бомби и спречил 18 напади на бомбаши самоубијци.

“Спаси многу животи, бидејќи сакаше да и служи на својата земја. Секоја операција беше спречување да се пролее невина крв. Неговата работа нека зборува наместо него”..

На една од неговите последни задачи, кога требало да се состане со остатокот од тимот кој требало да деактивира бомба, му се јавил шефот на ИСИС и го прашал зошто лаже за тоа каде моментално се наоѓа. Мислел дека “минала” лагата дека веројатно свртел на погрешна улица. Тоа што не го знаел е дека ИСИС го озвучила неговото возило, па го слушнала неговиот разговор со членовите на Фалкон.

Во јануари 2017. година, по 16 месеци двоен живот, добил наредба за својата последна мисија. Му наредиле да оди на северот на Багдад, во далечна селска куќа. Влегол таму и никогаш не излегол. Фалкон четири дена чекала на зелено светло да влезе во куќата и да го побара. Еден негов колега бил убиен, а од капетанот Ал Судани немало ни трага ни глас.

Снимка на ИСИС од август таа година го покажува моментот за кој ирачките разузнавачи веруваат дека е моментот на смртта на Ал Судани. Останало непознато колку долго бил во заробеништво, но се верува дека го мачеле.

Се верува дека тој е еден од четирите мажи со врзани очи, во портокалови комбинезони убиени во шума, на една од снимките на ИСИС.

Leave a comment

error: Content is protected !!