Филмот на режисерот Борјан Зафировски, „Ефектот на среќата“ е уште едно во низата македонски долгометражни филмски остварувања.
Приказната во филмот се врти околу 20-годишната Леа на која и е дијагностицирана тешка болест. Преостанати и се уште три месец живот, а Леа почнува да се лечи со алтернативни методи и позитивно размислување.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејана Поповска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Мими Таневска, Сара Атанасовска, Јовица Михајловски и Петар Арсовски. Косценарист е нашиот познат драматург Дејан Дуковски.
Филмот е на програмата на Канскиот филмски фестивал во Франција, а за Дејана која ја толкува главната улога, велат дека допрва ќе слушаме. Актерката студира глума во Франција и ова и е прва поголема улога кај нас.
Во продолжение, првиот трејлер за филмот: