Иако веќе го нема, Хокинг не престанува да нè воодушевува со своите идеи

Десет дена пред неговата смрт, теоретскиот физичар Стивен Хокинг го испрати својот последен научен труд за објавување, во кој наведува дека според законите на физиката, можно е да постојат универзуми слични на нашиот.

Овој труд беше објавен во „Journal of High Energy Physics”, каде што Хокинг и коавторот Томас Хертог изнеле нова теорија за потеклото на универзумот која би можела да реши неколку важни прашања. Во овој труд се тврди дека нашиот универзум е само еден во серија паралелни универзуми во кои владеат истите закони на физиката.

Новиот труд на Хокинг и Хертог се потпира на теоријата на струните, гранка на физиката која се обидува да ги спои квантната физика и Ајнштајновата теорија на релативноста. Тие тврдат дека во постојаното ширење на универзумот постои граница по која се менува разбирањето на времето какво што го познаваме.

„Кога наназад ја следиме еволуцијата на нашиот универзум, во еден момент доаѓаме до границата на вечното проширување на универзумот, каде што нашиот познат поим за времето престанува да има какво било значење”, вели Хертог.

Ако оваа теорија се покаже како вистинска, тоа би значело дека може да има повеќе универзуми слични на нашиот. Исто така, би можеле да се појават и примордијални гравитациски бранови. Но, овој нов модел сè уште не е докажан, и на физичарите ќе им требаат повеќе податоци и подобро разбирање на теоријата на струните пред тоа воопшто да биде возможно.

Постојните инструменти кои се користат за потрага на гравитациски бранови веројатно сè уште не се доволно чувствителни за да најдат докази за оваа теорија, тврди Хертог.

Но, тоа би можело да бидат идни инструменти како Европската вселенска опсерваторија на гравитациони бранови LISA. Ако можеме да ги најдеме овие докази, тогаш ќе можеме подобро да разбереме како е создаден универзумот после Големиот Прскот, но, исто така, повеќе за паралелните универзуми што според Хонкин се „залепени” до нашиот.

Leave a comment

error: Content is protected !!