Зошто на Евровизија проаѓаат и многу полоши песни од нашите, а ние не одиме во финале?

Македонија веќе шести пат ќе остане без финале на Евровизија. Eye Cue се меѓу последните на обложувалниците иако имаат навистина прекрасна песна- микс од неколку стилови.

„Lost and found” е песната која оваа година не преставува на Евровизија, но иако беше фаворит на повеќето евровизиски фанови ширум светот, за кратко време отиде на дното на табелата на најнеомилени песни. Некои пак земји, со просечни песни и вокалисти успеаа да се кренат високо на табелата за обложување. Типичен пример е Молдавија, а бендот кој ја преставува  има ужасна нискобуџетна песна од која болат уши, но благодарение на две работи стигнаа до високото 13-то место, иако на почетокот сите евровизиски љубители ги ставаа на последните две позиции, односно 42 и 43 место.

Пред:

Потоа:

Се прашувате како им успеа на Молдавија да добијат толкава популарност, а како ние за толку мал временски период успеавме да ја изгубиме поддршката на фановите?

Одговорот е едноставен- на Евровизија освен добра песна, добри вокали, важно е да имаш и добар настап. Ние за жал оваа година тоа го немаме. Иако имаме одличен бенд, пејачката Марија е шармантна и секако со вонсериски вокал, сепак нема да влеземе во финале. Тука се и трите придружни вокали- Дина, Валери и Антонија кои супер се снајдоа како поддршка на Марија, Бојан и Иво. Кореографката Јана им осмисли добри движења и танц, но некои други работи затаија во настапот. Впечатокот на сите е дека имаме лош сценски настап, неосмислен доволно добро, а доказ дека тоа е навистина така е поголемиот број кликови на „dislike” копчето, отколку на она за допаѓање.

Настапот на македонските преставници ги разочара и нивните најголеми поддржувачи, а очигледно највеќе ги разочара букмејкерите кои на обложувалниците за влез во финалето ги сместија на претпоследната 18-та позиција.

 

Можеби ќе беше многу подобро на сцената да го пресликаа спотот кој маестрално го изработи режисерот Јован Куциновски. Секако постојат многу „можеби“, но најмногу загрижува сценската облека која буквално го уништи нашиот евровизиски настап. Најголем дел од критиките одат на контото на облеката на Марија и придружните вокали кои требаше да блескаат на евровизиската сцена, а наместо тоа ги облекоа многу, многу лошо.

Сепак се надеваме на можни поправки и им посакуваме успех на нашите преставници. Секако стискаме плаци за нашата омилена „Lost and found”,  а за во иднина секако најважно е да се работи што повеќе на сценскиот настап доколку сакаме светот и Европа да чујат за нас во големото финале на Евровизија.

Leave a comment

error: Content is protected !!