Заев: Младите се силата на нашето општество

На сите млади во Република Северна Македонија им го честитам Меѓународниот ден на младите – 12 Август! Ова на социјалната мрежа денеска го напиша македонскиот премиер, Зоран Заев.

– Младите се силата на нашето заедничко општество, за да се развива во духот на европските вредности и за да продолжиме напред со интеграциите во ЕУ и НАТО. Перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард на младите овде, во нашата убава земја, се наша заедничка цел и заедно работиме тоа да го оствариме, напиша Заев на Фејсбук.

Leave a comment

error: Content is protected !!