Врие во ВМРО ДПМНЕ – од Мицкоски се бара веднаш да се отргне од Груевски и да излезе од неговата сенка или да замине

Актуелни и поранешни високи државни и партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ се незадоволни од начинот како нивниот лидер Христијан Мицкоски ја води партијата. Велат се е исто, само Груевски го нема. Додуша, велат го нема физички, но политиките кои ги спроведува раководството на Мицкоски, се де факто политики на Груевски. Голем дел од членствтото е нервозно затоа што партијата не се оградува од поранешниот лидер Груевски кои ја турна и сеуште ја турка партијата во бездна. Невозможно е кога десницата, демохристијаните се на власт во Еворпа, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски единствен пријател да имаат единствено во унгарскиот премиер Орбан и српскиот претседател Вучиќ, кои не се омилени ликови во европското семејство. Впрочем за тоа говори и последната средна на Мицкоски во Унгарија, каде повеќе од сигурно е дека освен со Орбан како што видоме на слики, се сретнал со Груевски и добил негови инструкции како да делува.

Приврзаниците на македонската десница тврдат дека Мицкоски е далеку со рејтинг зад Заев и покрај тоа што лидерот на социјалдемократите ги реши горливите прашања со грција и со Бугарија, двојазичноста, тој сепак далеку заостанува со рејтингот зад Заев, уште повеќе што Мицкоски и не ужива меѓународна подршка.

Мицкоски на седниците на ИК се однесувал како сенка на Груевски, опкружен е велат привразниците на десницата со луѓе со прилично националистички мотиви кои се за „Македонија на македонците“ и заглавени во судски постапки луѓе, а кои лажно му се восхитуваат. Не е отворен за конструктивни критики и разговори за тоа како партијата да се приближи до европските вредности, како да ги освои симпатиите на странците и албанскиот гласачки електорат. На такви дебати едноставно почнува да повишува тон. Дружбата со Беса е само фарса и неуспешен обид да партијата да се доближи до албанскиот гласач.

Од партијата реагираат и на тоа што високите партиски функционери земаат високи плати и за своите партиски ангажмани и покрај тоа што дел од нив земаат големи пратенички плати.

Бараат предвремени избори, а бога молат да не ги добијат. Партијата сега е насочена како да се спасат нашите функционери кои се огрешени пред законот, а особено Груевски. Токму затоа, Мицкоски и неговата мала дружина до крај ќе се борат како да ги спасат од затвор сите поранешни функционери кои се заглавени во судовите. Тој на состаноците во партијата на членовите им дава надеж дека ќе се вратиме на власт и дека ќе ги ослободат сите наши функциоери кои правеа злодела и дека ќе ја ослободат Македонија од Заев. Патем, партиските штабовите низ градовите се затворени. Нема никој.

„Застрашувачки и е вокабуларот кои го употербува и заканите кои ги упатува кон нас кои не се согласуваме со политиките на оваа Влада, но не сакаме ниту пакт повторно со Груевски. Дава наредби да се дружиме со луѓе блиски до СДСМ со нив да седиме со вклучени мобилни телефони и да ги снимаме разговорите. Постојано сме следени од негови верни активисти каде се движиме и со кого“,  велат високи партиски функционери.

На оние кои не се согласуваат со неговите политики им вели да си заминат, но дека ако дојдат на власт ќе им се реваншира, затоа што не му даваат подршка. Мицкоски до крај ќе се бори да не се донесе нов закон за СЈО, токму затоа на преговори го праќа Анотнио Милошоски кој има за цел преговорите да пропаднат, сакаат хаос, евентуално широка Влада за да го срушат обвинителството и да успее да излобира ослободување и на Груевски и на Јанкуловска и на сите функционери кои работеа криминално. Впечаток е дека со последната афера Мицкоски се обидува да заработи некој политички поен, но сепак од меѓународниот фактор постојано му повторуваат дека одговорност мора да има и за функционерите од владата на Груевски кои ја злоупотребиле својата положба. Странците постојано му сугерираат дека мора да се огради од Груевски и да го подржи законот за СЈО, но тој пред нив се согласува, а во јавноста и на терен дејствува сосем спротивно. „Сепак, тој е свесен дека зад него не стои интелектуалното крило во ВМРО ДПМНЕ и дел од членството од кое тој се ослободи, а кои се залагаат за Европска Македонија и тоа му создава дополнителна нервоза. Прашање на време е кога судирот на овие две групации ќе експлодира. ВМРО ДПМНЕ не е единствено, како што Мицкоски сака да покаже погледнете само кој се излегува на прес конференции, тоа се луѓе кои не делат никакви вистински европски, дпмне-овски вредности. Зад Мицкоски засега стои само Груевски, но исто така прашање на време е кога вистинските вмровци ќе го избркаат Мицкоски од партијата и ќе ја ослободат од стегите кои ја држат партијата во заложништво веќе 13 години“, велат привразаници на десницата…

„ВМРО ДПМНЕ сега е како СДСМ во најслабите времиња, когаа на протести излегуваа едвај 1000 луѓе. Се надеваме дека партијата што поскоро ќе се ослободи од Мицкоски, во спротивно прашање е колку време ќе биде потребно нормално ВМРО ДПМНЕ да закрепне“, додаваат привразниците.     

Leave a comment

error: Content is protected !!