Време е да се зададе финалниот удар на Mафијата и Земјава да тргне напред

Се чини како никогаш досега Македонија не била исправена пред предизвикот специјална војна со дезинформации, шпекулации и лажни вести. Инсталираните во институциите противници на Македонија кои се затскриваат зад превезот на патриотизмот (не)умешно ги бодрат разочараните граѓани дека владата на СДСМ не умее да ја извади земјава на прав пат. Секако, јасно е дека не е така.

Домашни и странски сили од петни жили се обдиуваат да го вратат Никола Груевски на голема врата. Човекот кој 11 години ја држеше земјава во заложништво, продавајќи им на луѓето ефтин популизам кои сите ние слатко го впивавме.

Време е за освестување – неутралци и аполитични не потпаѓајте под влијание на никого, не заборавајте до вчера шепотевме денес сме гласни 

Ако сериозно се подзамислиме и бар на 5 миниту се исклучиме од социјалните мрежи и ТВ приемниците ќе сфатиме дека земјава е заложник на 10-тина луѓе . Дел од нив се криминогени фаци со многу пари, дел опозиционери кои го бараат Груевски назад (иако тој на најпрефиден начин ги остави овде да му ги перат сите злоупотреби), еден дел се судии и обвинители и еден дел поранешни социјалдемократи кои затоа што не добиле „ништо“ од тоа што мегаломански го побарале ( а, сигурно им било понудено, по нешто, овде мислам, на разно разни т.н колумнисти, поранешни партиски функционери и уште по некој од оваа групација) врескаат по социјалните мрежи дека Македонија тоне. Овие 10-тина лица кои го користат периодот на дегруевизација и кои се спремни да направат пакт и со ѓаволот само за да живеат „бара“ веќе се прочитани. Токму тие сега, преку разно разни „ботови“ на социјалните мрежи се обидуваат со лажни вести да претстават слика дека земјава е отидена во крив правец. Овие луѓе веќе станаа толку патетични што дури ни самите не можат да се препознаат. Груевизмот си го направи своето, веќе е невозможно да се направи нормален дијалог за нормални теми. Да не беа меѓународните сојузници земјава веќе оддамна ќе беше понижена, распарчена, изолирана, каква што имавме особено последните 5-6 година до смената на власта.    

Без намера да го браниме Заев, особено по последната негова изјава која за многумина е скандалозна, реакциите кои ги лиферувавте веднаш не го покажаа грдото лице на Заев како што сакавте, туку го покажа вашето вистинско лице. Се чудам од каде тој бес во вас. Ние, вие сите сме или сте зверови кои не бираат средства, зборови и методи за да и напакостат на државата. Се убивте од прес конференции, статуси по ФБ само за да случајот „Рекет“ го залепите на владата на Заев.  („Рекет“патем е дефектен од старт, затоа што се работи за класично „Мито“, каде Камчев си ја купува слободата).  Сите се исти – од една страна Миленко, Латас и компанија, од друга страна Героски и неговата компанија се подготвени на сојуз само како што тие милуваат да го наречат муртинецот да на успее.

Правда што поскоро за да им се затнат муцките на пљукачите

Сите нормални бараат правда за криминалците. Секој кој се огрешил пред законот без разлика дали е сдсмовец, вмровец, од ДУИ, обвинител, судија, па и новинар нека одговара. Само така ќе тргнеме напред. Важно ни е сега да видиме дека нема селективна правда. Криминалците мора да завршат во затвор. Ако Катица Јанева се огрешила, има институции на сиситемот нека проверат, нека одговара.

Време е да почнеме да се слушаме меѓусебе, ако делиме исти вредности, само така ќе тргнеме напред. 30 години сме заложници на разно разни структури кои во најголем дел се истите. Владата мора да расчисти со нив, само така ќе тргнеме напред и ќе оставиме надеж за младите да останат овде.

Се претера и со политиката и со правосудството и со новинарството и со олигархијата. Да кажеме СТОП на ненормалното – само така ќе тргнеме напред.

Ако не можеме да им помогнеме, барем да не им одмагаме на луѓето кои срушија режим и кои ветуваат бескомпромисна борба со мафијата, затоа е и кај нив нервозата.

Можете да плукате колку сакате, но пред фактите и боговите молчат од заробена држава Македонија стана светол пример

СДСМ власта ја презеде од април, 2017 година. Ги затвори прашањата со Грција и Бугарија, дали беше лесно – не. Дали плативме цена затоа – да. Но, зошто? Затоа што досега никој не сакаше да ги реши прашањата со соседите. Знаеа дека тоа ќе биде крај за нивните политички – бизнис интереси.  Структурите на кои конечно им се гледа крајот и кои 30 години од Македонија правеа паланка цело време се полнеа со наши пари. Ако те видат дека малку напредуваш те сосечуваа во корен. Денес сме скоро во НАТО (остануваат уште формалностите), на пат сме да добиеме датум за преговоти со ЕУ, а тоа значи враќање на вистинските вредности, подобра економија, повеќе пари за нас и конечно посилна држава.      

Гледам дека сте заборавиле сите што ни се случуваше, заборавивте на бомбите за уништување на човечки судбини, за затворањето на А1, на случајот Мартин Нешкоски, на Диво Насеље, на 5-те проценти од кинезите, на рушењето на Космос, на обидот за државен удар, на затворањето уста на секој кој различно мисли од Груевски, на праќањето мртовечки венци на новинари, на крстови кои се носеа и на кои го пишуваше името на Заев. Заборавивте и вие бизнисмените кога Груевски ви велеше пари од ДВД не ви враќам, а ви велевте во ред, па дури и му аплаудиравте. Заборавивте дека некој кој ги пушташе тие бомби си ја стави главата во торба, не само неговата туку и на целото свое семејство. Заборавивте дека некој ви овозможи денес да можете слободно да плукате и да испосерете се. Епа затоа ве владеа 11 години, оти брзо заборававте и велевте од ова полошо не можеше да биде. Се подмитувавте за да лажете дека се е супер, а беше бедно. Се подмитувате сеуште затоа што мислите дека „сељакот од Муртино“ не го бива. Се подмитувате за да одработувате туѓи сценарија затоа што не ви се допаѓа затоа што Заев, кој ќе ја внесе Макецонија во НАТО и тоа сакале вие или не, ќе остане запишано во историјата. Можете да пишувате дека го променил името, дека се им дал на албанците, ама длабоко во себе знаете дека надвор секогаш бевте ФИРОМ, продававте ефтини приказни за патриотизам во кој ниту вие самите не верувавте, додека светот одеше напред. Замижувавте кога ви велеа дека на балканот се раѓа нов Милошевиќ, дека името не го дава, а тајно преговара за промена на името или ако сакате уште повеќе распродажба на Македонија.

Заев мора да го зададе конечниот удар

Оваа Влада предводена од Заев, ги реши најгорливите проблеми со соседите, останува уште да се справи со криминогените структури кои роварат веќе предолго. Конечниот удар мора да биде час поскоро, секој кој се огрешил да одговара, а потоа да седнеме со трезвени глави и да разговараме што е најдобро за Македонија. Тука мислам дека сите сме согласни Македонија напред во Европа, а со крената глава.

Leave a comment

error: Content is protected !!