ВМРО-вското крило во ДУИ против владата на Заев и Ахмети или бизнис интереси за дивоградбата на Матка го излетаа Беџети?

Премиерот Зоран Заев ја отфрли изјавата на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети дека му вршел притисок да влијае на членови на Судскиот совет за да смени претседател на суд. Заев на својот фејсбук профил меѓу другото напиша: „Дополнително, со Беџети зборував и по повод шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет. Ме интересираше дали има вистина во тоа и му укажав дека не е умесно такво однесување, доколку постои. Секој треба да ја понесе својата одговорност согласно закон, без оглед на функцијата која ја врши. Тоа му гокажав на Беџети, тоа го кажувам и јавно“, напиша Заев на ФБ…

Инаку, за познавачите на приликите изјавата на Беџети се толкува како негов очаен обид да не се руши дивоградбата на Матка, а истовремено и обид да се зададе уште еден удар на Владата која влегува во финална пресметка со незаконските и криминални дејанија во државава од поединци.

Блерим Беџети припаѓа на крилото на Муса Џафери која во моментите кога се создаваше мнозинство во Собранието во 2016-та година беше против ДУИ да коалицира со СДСМ, напротив тој цврсто се залагаше за продолжување на сорботката со Владата на Груевски. Блерим Беџети беше министер за правда во владата на Груевски. Уште се свежи сеќавањата од политичките бомби каде Блерим Беџети и Муса Џафери разговараат на тема судство и уште повеќе разговорот на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков со Муса Џафери …

Leave a comment

error: Content is protected !!