Брнс за „Рекет“: Сега е време Македонија да почне да се придржува кон владеењето на правото

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, денеска на својот Твитер профил даде свој став за актуелниот скандал со случајот „Рекет“.

Амбасадорката сподели статус на еврокомесарот за европски прашања, во кој пишува дека во Македонија мора да се работи на борбата против корупцијата.

Над споделениот статус од Хан, Кејт Брнс напиша и дека сега е вистинско време Македонија да покаже заложба до придржувањето кон владеењето на правото.

„Како што претходно рековме, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, напиша  амбасадорката Брнс на Твитер.

Leave a comment

error: Content is protected !!