Британка е 50 години верен евровизиски фан- Бугарите ја изненадија и расплакаа (видео)

Ники Ален е Британка која од петгодишна возраст е верен фан на Евровизија. Годинава слави јубилеј- 50 години од кога е вљубена во музичкото натпреварување и 20 години од кога оди во секој град каде што се одржува Евросонг.

Британката иако е со попреченост и е во инвалидска количка, сепак многу позитивно гледа на животот. 20 години работи како фотограф на престижниот музички спектакл, а нејзини фаворити оваа година се „Еквинокс“ од Бугарија. Додека Ники даваше интервју за Бугарската национална телевизија, нејзините миленици решија да ја изненадат со букет цвеќе и заедно да ја запеат песната „Bones”.

Нејзината реакција ги разнежни членовите на групата „Еквинокс“, а како изгледаше емотивната средба може да погледнете во видеото поставено од БНТ:

 

Leave a comment

error: Content is protected !!