Ако се откажете од пушење ќе добиете пари: За 30 дена без цигара награда од 400 евра

Една хрватска општина, со цел да промовира здрав начин на живеење и поддршка за престанок на пушењето цигари, јавно објави наградна игра под мотото „Одбиј го пушењето и добиј пари“.

Како што пренесуваат медиумите во таа земја, конкурсот е наменет за сите возрасни пушачи кои живеат на територијата на Пожешко-славонската област кои се подготвени да се обидат да ги откажат цигарите и апстинираат од никотин, за период од триесет дена, почнувајќи со 6 март, а завршувајќи на 4 април.

Конкурсот е отворен од 18 февруари и ќе трае до 5 март 2019 година.

Услов за учествување на конкурсот е кандидатот да конзумира цигари барем 1 година. Дополнително, кандидатот треба да пријави едно лице – член на семејството како сведок кој ќе потврди дека кандидатот престанал да конзумира цигари.

Јавното објавување на победниците и доделувањето на наградите е планирано на 4 април 2019 година.

Победникот ќе добие подарок купон во висина од 3.000,00 куни (400 евра), а ќе има уште девет други награди во форма на ваучери во износ од 750,00 куни (100 евра).

Leave a comment

error: Content is protected !!