Турскиот град Ерзурум во изминатите два дена е погоден од огромни поплави а штетите во градот се огромни, пренесуваат турските медиуми.
Поплавите во овој турски град предизвикале одрони на земјиштето и рушење на локалните патишта.
На снимките објавени во турските медиуми, може да се види како еден автомобил е проголтан од огромна дупка на патот која што се отворила како последица на големите поплави.
Обилните дождови не го заобиколиле ни турскиот главен град Анкара каде што исто така е причинета голема материјална штета.
Посебно било погодено предградието Мамак во Анкара на почетокот на мај. Тогаш неверојатните сцени го обиколија светот, а посебно снимката на која што се гледа како човек буквално сурфа на својот автомобил кој го носи водата.